|
|
ОПШТИ УСЛОВИ
за користење на услугите на Трговски центар
Дефиниции
Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:
Трговски центар – Системот за интернет трговија кој е управуван од фирмата Интернет трговија дооел и овозможува инфраструктура за Трговците да ги продаваат своите производи и услуги на Купувачите..
Купувач – Секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од Веб Продавниците кои функционираат во склоп на Трговски Центар
Трговец - Трговско Друштво кое се јавива како сопственик на Веб продавница која функционира во склоп на Трговски Центар и преку неа се јавува како продавач на производи и услуги.
Веб Продавница – Индивидуално определена продавница преку која се продаваат производи и услуги преку интернет
Опсег на примена
Со овие општи услови се уредуваат правилата под кои се одвива продажбата на производи и услуги преку Веб Продавниците кои функционираат во рамките на Трговски Центар, правилата за продажба кои треба да ги почитуваат ТРГОВЦИТЕ и Купувачите, комерцијалните услови и одредбите за непочитување на условите.
Измена на општите услови
Овие Општи услови се задолжителни за Трговците кои имаат потпишано Договори за отворање на веб продавници во рамките на Трговски центар преку кои продаваат производи и услуги.
Овие Општи Услови може да бидат изменети од наша страна без претходна согласност од Трговецот или Купувачот, особено доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи.
Дополнувањата или измените на овие општите услови ќе бидат јавно објавени и ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин. Изменетитот текст на Општите Услови ќе биде достапен на Веб страната Трговски Центар.
Регистрација на купувач
Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:
1.Секое деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса и сопствена валидна и подобна платежната картичка.
2.Правни лице кое има валидна е-маил адреса и сопствена валидна и подобна платежната картичка.
Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил, КУПУВАЧОТ физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на Името и Презимето, е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката.
Со самата регистрација како КУПУВАЧ и креирање на профил, КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната замја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот и е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката.
Со самата регистрација како КУПУВАЧ, КУПУВАЧОТ потврдува дека е сопственик на платежната картичка која се користи за плаќање на производите и услугите и дека истата е валидна и подобна за плаќање на производите и услугите.
При регистрацијата КУПУВАЧОТ прифаќа да добива електронска пошта со промоции од Трговски центар и неговите партнери. За истата ќе му биде дадена можност да го откаже понатамошното добивање.
Купување на производи и услуги
Со самото впишување на личните податоци и податоците за платежната картичка и потврда на нарачка од страна на КУПУВАЧОТ, истата ќе биде процесуирана и трансакцијата ќе биде извршена.
По комплетирањето на нарачката КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака која ќе содржи потврда дека нарачката на КУПУВАЧОТ е успешно извршена, КУПУВАЧОТ деталите за нарачката може да ги види преку својот профил.
При вршење нарачка Купувачот остварува директен купопродажен договор до Трговецот, и притоа меѓу нив важи законската регулатива од таа сфера.
Цени на производите и услугите
Продажната цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки.
Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е одбрана опцијата цените да се прикажани во друга валута, податоците се само од информативен карактер, а наплатата останува во денари.
Ограничени производи и услуги
Преку Веб продавниците дел од Трговски центар се забранува продажба на следниве производи:
-
Крв и делови од телото
-
Алатки за ограбување
-
Опојни дроги
-
Детска Порнографија
-
Материјали со навредлива содржина
-
Документи за идентификација и лични податоци
-
Фалсификувани Производи
-
Оружје и експлозивни направи
-
Ознаки на Војска или Полиција
-
Лекови кои се продаваат на рецепт
-
Акции
-
Предмети прибавени како резултат на кривично дело
Доколку за одредени групи на производи е потребна дозвола или лиценца за продажба или подлежат на специјален режим на продажба обезбедувањето на законските предуслови за продажба на овие производи претставува обврска на ТРГОВЕЦОТ.
Надоместоци
Описот на пакетите за продавници и нивните карактеристики е достапен на www.tc.mk/index.php/merchants/index
Трговците ги плаќаат следните надоместоци во зависност од пакетот на продавницата:
Месечни членарини и провизија според пакети:
|
Месечни членарини и провизија според пакети
|
|
Пакет на продавница
|
Месечна членарина*
|
Провизија за трансакции (%)
|
|
Старт
|
590
|
5
|
|
Профи
|
1790
|
4.5
|
|
Мега
|
5990
|
4
|
|
Старт+
|
1790
|
10
|
|
Профи+
|
5990
|
8
|
|
Мега+
|
17990
|
6
|
|
Сите цени се во денари со вклучен ДДВ.
*Членарината може да биде бесплата во промотивни понуди
|
Членарината за продавница се тарифира доколку продавницата во текот на месецот имала статус на активна продавница.
Надоместоците за услугите за промоција се пресметуваат според:
1.доколку промоциите се според наддавање за позиција, цената е онаа што е постигната по заклучувањето на наддавањето
2.во друг случај цената за тип на промоција ќе биде посебно наведена во општите услови
Каталог
Трговецот е должен да ги исполни следните обврски при дефинирањето и управувањето со каталогот на производи и услуги:
-
Залихата мора да биде водена прецизно од страна на Трговецот. Сите трошоци поради нарачан производ кој не е на залиха ги сноси самиот Трговец.
-
Производите треба да се сместени во соодветни категории. Трговецот може да побара воведување на нова категорија производи доколку истата не е достапна во системот. Трговски центар ќе се обиде во најкраток рок да ја овозможи.
-
При внесување производ задолжително треба да се дефинира брендот, или доколку е непознат се селектира соодветно. Доколку брендот е претходно внесен, истиот може понатаму да се одбира од понудените при внесувањето. При внесување бренд не смее да се прават печатни грешни или ист бренд да се внесува во различни верзии.
-
Тежината на производот заедно со амбалажа при испорака треба задолжително да се внесе. Врз таа вредност се пресметува цената на испораката. Трговецот е одговорен за сите трошоци и штети кои би настанале поради погрешно наведена тежина при испорака. Затоа препорачливо е тежината да се внесе за малку повисока од реалната.
-
ТРГОВЕЦОТ е должен производот да го продава во соодветна амбалажа. Амбалажата не смее да биде штетна за здравјето на луѓето, мора да биде приспособена на формата и количината на производот и не смее да го доведе во заблуда КУПУВАЧОТ по однос на количината и големината на производот. Доколку Трговецот понуди украсно пакување, тоа мора да биде соодветно на производот и начинот на испорака.
-
Трговецот е должен на прецизен и комплетен начин да го опише производот или услугата, со цел да избегне трошоци од спорни нарачки во кои се тврди дека испорачаниот производ е различен од нарачаниот. Притоа препорачливо е за секој производ да има неколку слики со висок квалитет.
Управувани продавници
Доколку Трговецот отвори продавница со пакет Старт+, Профи+ или Мега+, таа ќе биде од типот управувана продавница, односно најголемиот дел од управувањето Трговецот го отстапува на Трговски центар.
Притоа Трговски центар е обврзан на следното:
-
да ги следни нарачките и да со известува Трговецот по телефон за истите
-
да внесува и да ажурира податоци во каталогот според информациите доставени од Трговецот. Трговецот е одговорен за точноста и навременото доставување на информациите.
-
да решава рекламации според правилата на Трговски центар и Законот за заштита на потрошувачи
-
да управува со промоции на продавницата во рамки на алатките овозможени од Трговски центар
Трговецот е должен да ги исполни следните обврски:
-
да доставува комплетни, точни и навремени информации за производите и услугите
-
да постапува согласно со решенијата за рекламации од страна нна Трговски центар
-
соодветно да ги пакува производите за испорака
-
да приложи соодветна документација и сметки во пратките
-
да ги предава пакетите на службата за испорака
-
да ги опслужува купувачите согласно со гаранцијата на производите
-
да достави информација до Трговски центар за дозволен буџет за промоција.
Одговорноста за било каква штета кон Трговецот или трети лица, поврзана со функционирањето на неговите продавници на Трговски центар, ја сноси исклучиво Трговецот.
Испорака
Во однос на испораката Трговците и купувачите треба да се придржуваат до следните правила:
-
При испорака на нарачка која содржи повеќе производи Трговецот е должен сите производи да ги амбалажира и испрати во една пратка.
-
Трговецот е должен да на испорачателот да му ја предаде нарачката до изминување на 50% од вкупно предвидениот рок за испорака, согласно со одбраниот метод на испорака од страна на купувачот.
-
Трговецот мора тежината на користената амбалажа да ја вкалкулира во поединечната тежина на производите. Секоја неусогласеност на тежината на пратките со вкупната тежина искалкулирана од системот, е на товар на Трговецот.
-
Трговецот е обврзан нарачките да ги испорачува согласно со одбраниот метод на испорака од страна на Купувачите.
-
Доколку Трговецот организира испорака сам или со негов добавувач, должен е да обезбеди потпишана потврда за прием, за идентитетот на примателот и за соодветноста и исправноста на доставените производи.
-
Секоја недоследност и неоправдано пречекорување на рокот за испораката е на товар на Трговецот во случај самиот да ја организира испораката. Доколку испораката оди преку сервисот на Трговски центар, ние ја превземаме одговорноста за неажурната испорака.
-
Трговецот мора да чува архива за сите нарачки и испораки направени во последните 3(три) години.
-
При испорака на производите Трговецот е должен во целост да ја почитува Политиката за Испорака и Системот за рекламации на Трговски центар.
-
Трговецот е должен да води прецизна и навремена евиденција на статусот на испорака на нарачки во системот за администрација на неговата продавница во Трговски центар. Трговецот сноси полна одговорност за секоја неусогласеност на статусите за испорака во однос на фактичката состојба. Во тој случај Трговски центар има право да превземе казнени мерки.
-
Купувачот превзема обврска дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Доколку обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака го сноси купувачот.
-
Трговецот е должен сам да ги испорачува производите за кои е определена бесплатна испорака.
-
Купувач не смее да внесе поштенски фах како место за испорака на нарачка. Сепак доколку тоа се случи, Трговецот е обврзан да не испорача таква нарачка и да ја пријави до Трговски центар.
Рекламации
Трговецот е должен во целост да ја почитува законската регулатива која ги определува неговите обврски во купопродажните договори и да ги почитува правата на Купувачите.
Покрај тоа Трговски центар пропишува дополнителни правила со цел да обезбеди висок квалитет на услуга.
При процесот на рекламација на производ препорачаната процедура е следната:
1.Прв чекор за Купувачот е директно контактирање на Трговецот. Трговецот треба да ја реши рекламацијата во договор со Купувачот со цел да се осигура задоволството на Купувачот, да се спречи електронска рекламација, потенцијално губење на промет заради враќање на парите, нарушување на репутацијата на Трговецот и можни мерки од страна на Трговски центар во случај на зачестени рекламации.
2.Доколку Трговецот и Купувачот не успеат да се договорат во директен контакт, Купувачот може да отвори официјална рекламација преку системот на Трговски центар, во рок од 5 дена од испорачувањето на производот. Доколку Купувачот се реши да го искористи ова право, се откажува од било кој друг начин на решавање на рекламацијата, и комплетната надлежност за арбитража му ја префрла на системот на Трговски центар.
Трговецот е должен да ја реши рекламацијата во рок од 5(пет) дена од поднесувањето. Доколку не ја процесира во тој рок, рекламацијата автоматски ќе биде решена со враќање на парите на Купувачот. Притоа Купувачот е должен на свој трошок да го врати производот. При враќањето на парите кон Купувачот се враќа сумата на прозводот, додека сумата за испорака е неповратна.
3.Доколку Купувачот е незадоволен од решението кое го определил Трговецот, има право во рок од 5(пет) дена од решението да ја пренесе рекламацијата на арбитража од страна на Трговски центар. Притоа Трговски центар има право од двете страни да ги побара сите потребни документи во врска со случајот и по сопствено убедување да донесе одлука дали рекламацијата се прифаќа. Рокот за решение од Трговски центар е 30 дена од барањето за арбитража. Решението на Трговски центар е конечно и Трговецот и Купувачот се обврзани да го почитуваат.
Согласно со Законот за заштита за потрошувачите, купувачот нема право на рекламација доколку недостатокот на производот или услугата е минимален.
Враќање на производ
КУПУВАЧОТ може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака.
Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на вратениот производ назад до Трговецот е на сметка на Купувачот.
Услови за остварување на правата на Купувачите
КУПУВАЧОТ за да ги оствари правата од овие општи услови должен е да ги приложи документитие кои му биле дадени при испорака на производот како и производот да го чува неоштетен и неупотребуван.
Комуникација помеѓу Купувачот и Трговецот
КУПУВАЧИТЕ за сите прашања во врска со производите, испораката на производите, рекламациите и гаранциите треба директно да се обратат до конкретната продавница.
Контакт информациите за секоја продавница се видливо прикажани на веб страната на продавницата.
Промоции
Трговецот има на располагање неколку алатки за промовирање на својата понуда:
Промоција на главната страна од сопствената продавница. Трговецот има право еднаш во денот да ја објави на Фејсбук промоцијата која ја има дефинирано во својата продавница.
Промоција во излог, препорачани продавници и препорачани производи на www.tc.mk. Позиционирањето во овие блокови се врши според системот за наддавање преку кој Трговците нудат износ за определена позиција. Доколку некој понуди повеќе, и нивниот производ е симнат на пониска позиција, ќе бидат известени преку е-пошта.
За превземање на определени позиции потребно е да се надмине понудата на конкурентите за определен процент : прво место 35%, второ место 25%, трето место 20%, четврто место 15%, петто место и натаму 10%.
Форум за дискусии
Трговците имаат можност да ја водат својата грижа за корисници и преку форумот. Исто така можат и да објавуваат вести и промоции. Сите учесници задолжително мораат да се придржуваат на зададените теми во кои коментираат и да одржуваат високо ниво на комуникација.
Контрола на квалитет
Трговски центар го следи општото работење на Трговците и нивото на квалитет на нивната услуга.
Трговецот е обврзан да се придржува кон следните стандарди за квалитет :
-
да има над 95% навремено испорачани нарачки во месецот.
-
да има над 97% успешно опслужени нарачки во месецот. Во тој процент влегуваат и нарачките со рекламација кои не се решени со враќање на парите.
-
да има над 93% нарачки без рекламација во месецот.
-
најмалку еднаш неделно да ја администрира продавницата. Запоставувањето се регистрира од Трговски центар.
Доколку прекршувањето на стандардите за квалитет е во поголем обем или Трговецот не го подобрува работењето по опомена од Трговски центар, на Трговецот може да му биде привремено суспендирана продавницата или раскинат договорот за услуги.
Напреден дизајн
Доколку трговецот ја искористи можноста за Напреден дизајн, односно самиот да направи поголеми промени на изгледот на својата продавница, промените не смеат да го нарушуваат нивото на квалитет и функционалност на Трговски центар. Сите вградени функционалности и визуелни целини мора да ја задржат првобитната намена.
Доколку промените ги прекршуваат овие услови Трговски центар има право да побара од Трговецот да одстрани неусогласеностите.
Содржини
Трговецот е должен да ги внесе следните содржини во својата продавница:
-
Услови за гаранцијата на производите и услугите
-
Опис на сопствените методи за испорака доколку ги има
-
Комплетни податоци за контакт со продавницата
-
Текст „За продавницата“
По потреба може да внесе текст со промотивни содржини на почетната страна од продавницата.
Стопирана продажба
Трговецот е должен да ја оневозможи продажбата во период кога не може да испорачува нарачки. За таа цел има опција во страната Параметри во администрацијата.
Активација/Деактивација на продавница
Продавницата може да биде активирана и достапна за јавноста само доколку е подготвена со внесени производи, текстови и визуелни содржини.
Автоматски сервис за ажурирање залиха
Трговците кои имаат продавници од пакетот Мега и Мега+ имаат на располагање автоматски сервис кој двонасочно може да ја ажурира залихата кон нивен постоечки софтвер за залиха.
Притоа Трговецот е должен со сопствени ресурси да оформи софтверско поврзување со сервисот.
|
|