Skip to content
окт 3 11

Играте ли пинг понг во вашиот маркетинг?

автор Јованче Тодоровски
Google Buzz

Имав можност да разговарам со личност која ја прашав каде најчесто се информира за нови работи кои ги нудат компаниите кои не се од негов домен на бизнис. Човекот е сопственик на прилично успешна компанија која не е поврзана со нови технологии  и е фамилијарен човек ама сеуште има свежина во него, не е некој кој се предава на времето. Интересен момент е дека прво рече телевизија, а за подетални информации оди на веб страната на компанијата и таму се едуцира.

Која е подлабоката мисла во сето ова?

За ова и се обидуваме да ги едуцираме нашите сегашни и потенцијални клиенти. Значи маркетингот и промоцијата на било кој медиум да се постави, се потпира на истите корени. Овој тип на комбинирање на емитувањето на вашата порака преку традиционалните медиуми која што ќе биде како патоказ кон интернетот и вашето присуство на некоја од платформите каде што ќе имате можност да навлезете во двострана комуникација со љубопитните посетители, може да донесе многу плодност во вашето бизнис работење.

online shop brendale Играте ли пинг понг во вашиот маркетинг?

Многу луѓе кои се заинтересирале за услугите кои ги нудиме (и ќе ги нудиме во многу скоро време на www.tc.mk) и доаѓаат кај нас на информативни средби, најчесто не прашуваат дали ако си отвори своја продавница на www.tc.mk треба да престане да го рекламира својот бизнис преку ТВ, радио, принт итн. Наидуваме на отпор кога остро ќе се спротиставиме на таквото размислување од нивна страна. Најголема грешка што ја имаме забележано е дека нема координација помеѓу пораката и ветувањето што го даваат преку неа во реалниот свет со пораката која ја испраќаат во онлајн светот. За да биде “манџата уште по кисела“ еден од нашите најголеми македонски брендови, на веб страната на дневен весник поставил прилично голем интерактивен банер кој не те води никаде – ниту до веб страната на неговата компанија. Тука има само ПИНГ и ни траг ни глас од ПОНГ. Во ред е можеби си има свои причини за тоа што го направил така, меѓутоа сепак ние клиентите секогаш сакаме повеќе.

Зошто треба да играте Пинг Понг во маркетингот?

Затоа што влијае позитивно на кондицијата и здравјето на вашата компанија, најмногу во пределот на продажбите. Најпрво советуваме да направиш план. Сите очи моментално севперени во електронскиот свет. Имаш бутик некаде во Капиштец и ок е посетеноста. Не би требало да запреш таму. Зошто на тој клиент да не му дадеш флаер/визитка/ каталог/ “стикер“/постер или било што за тој клиент да го насочиш кон твојата веб страна или фан страна од каде што ќе го насочиш кон твојата веб продавница каде што ќе може во иднина да се информира за “нова роба“, да купи прв со клик на глувчето и да му заштедиш време и пари. Не ги пуштајте да заминат од дуќан без да ги однесете некаде во онлајн светот каде што ќе го продлабочите вашето пријателство. Тоа за вас ќе значи проширувањето на трговијата со е-трговија која што со минимална инвестиција ќе вроди со пораст на бизнисот.

skica Играте ли пинг понг во вашиот маркетинг?

Отварањето на веб продавница за вашиот реален бизнис е достапно и лесно за правење. Само треба добар план и континуирана пријателска комуникација со клиентите на било која платформа дали во реалниот свет или во електронскиот свет. Доколку имате прашања или потреба од мислење/совети за како да го надополните вашиот бизнис модел со електронска трговија и присуство на интернет слободно контактирајте не! Ви стоиме на располагање не само преку електронска комуникација туку и во живо во нашите простории. Тоа ќе му дојде Пинг Понг и во комуникацијата нели ;)

Имајте убав, успешен ден!

сеп 26 11

7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

автор Јованче Тодоровски
Google Buzz

Секогаш компаниите се стремат кон тоа да се подобрат себеси и своите продукти за да ги задоволат потребите на клиентите. Додека го пијам утринското кафе [на здравје кафе на сите што во моментов пијат :) ] истражував малку за пронаоѓање на одговор на прашањето: Што треба да направиш за да си ја подобриш трговијата преку интернет?

Да не должам многу, “налетав“ на 7 кратки поенти кои во продолжение ќе ги споделам со вас:

1 . Убаво осмислен и напишан опис на производот

Според Drew Barton, CEO of Atlanta-based Southern Web Group, најдобриот опис на производ содржи 75 збора. Исто така препорачува да бидат споделени и поинтересни и специфични детали кои подобро ќе отсликаат: А. Како изгледа производот и колку тежи, Б. Како ќе им биде доставен и колку ќе чини целото “задоволство“. Во секој случај, во зависност од групата на клиенти која ја таргетирате, сепак треба да најдете модел да ги прашате или можеби ставите во ситуација да ви покажат колку и кои детали им се потребни на страната.

Погледни поголема слика овде.

ladoro 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

2. Фотографии со голема резолуција

Освен содржината/описот, фотографии со голем квалитет се втората најважна работа. Burton додава дека тие треба да бидат толку добри што при зголемување не треба да изгубат од квалитетот и да се “испикселизираат“. Фотографии со голема резоулуција ќе ги намалат прашањата упатени до вас од клиентите и стапката на вратени производи. Многу е важно да има фотографии од различни агли за да нема сомнежи и дилеми околу изгледот, големината и компонентите на производот.

laptop 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

3. Квалитетни и пристапни процедури и полиси

Преку вклучување на ЧПП, убаво [креативно] објаснети процедури и тн. кои содржат информации за достава, враќање на купениот производ, дефекти, однос со клиенти, начини за воспоставување врска со одделот за однос со клиенти, датуми на испорака и сл. значително ќе разјаснат многу работи во старт и клиентите ќе бидат едуцирани за нивните права и обврски во врската со компанијата. Barton сугерира сопствениците на веб страните веднаш да одговараат на негативни коментари, бидејќи тоа покажува дека се грижите за мислењето на клиентот и да се помогне во надминување на незадоволството за да не се дојде до враќање на производот. Покажувајќи грижа и овозможувајќи брза реакција и помош може да доведе до промена од негативен коментар до позитивно шопинг искуство.

poddrska 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

4. Користење на добра алатка за веб аналитика

Мора да знаеш од каде доаѓа посетеноста на твојата веб страна и кои зборови/фрази се впишуваат во пребарувачите за твојата веб страна биде најдена. Една од работите која се препорачува најмногу е да дознаете колкав е вашиот “bounce rate”. Колку е помал или колку повеќе ќе го смалите толку поголем ќе биде вашиот “success rate”.  ”Bounce rate” е процентот на посетители кои се задржале само на една страница на вашиот веб сајт.  Исто така треба да дознате од каде тие ја напуштаат вашата веб страна. Посакувано е, тие да ја напуштаат страната од делот “вашата порачка е успешно направена“ или од “контактирај не“ делот. Лош знак е доколку тие ја напуштаат вашата веб страна од “дома“ или “опис на производот xy“.

googleanalytics 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

Google analytics tool

5. Јасни информации и насоки за контакт

Информации за контакт треба да бидат поставени на секоја страна. Има многу голем број луѓе кои не би купувале преку интернет доколку нема објавено телефонски број за контакт. Телефонски број, лице за контакт, физичка и електронска адреса објавени на секоја страна комуницираат интегритет и сигурност што доведува до успешна интернет трговија.

contact zappos ss 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

6. Добар пребарувач на производи

На вашата веб страна би било супер да има можност да се пребарува според различни спецификации, меѓутоа исто и да има дел каде што ќе покажете што друго купиле луѓето кои го купиле тој продукт. Насловите и описот на производите се секциите од сајтот во кој треба да вклучуваме релевантни клучни зборчиња за кои сакаме Google да не позиционира високо на резултатите од пребарување. За зголемена SEO вредност, предлагаме да се користи “Google Keyword Tool“ или WordTracker за да се пронајдат најпребаруваните зборови/фрази кои се најповрзани со вашиот продукт и услуга.

Предложени резултати

search1 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

Пребарување по категории, сортирање и уредување на прегледот на резултатите

search2 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

7. Јасни “Call To Action“ копчиња

Треба да направите вашите CTA копчиња (купи, порачај веднаш, сними тука итн.) да бидат пред првите 600 пиксели на вашата веб страна. Идеално би било доколку овие копчиња се појавуваат на секоја страна. Секоја страна од вашата веб страна [звучи малку блуткаво меѓутоа ја сфаќате поентата] треба да води кон акција: купување или поплнување на некој формулар. Треба да има јасно издефиниран краен резултат кој се очекува да го постигне секоја страна.

buttons ss 7 работи кои треба да ги примениш за Интернет трговија!

– Drew Barton е претседател и ко-основач на Southern Web Group, компанија за веб дизајн со клиенти од целата територија на САД.

Сигурно повеќето работи ги имате чуено или веќе ги употребувате. И тоа е супер! Доколку текстот ви служеше како повторување и се потсетивте на некои работи, одлично. Следно што сакам да направите е да додадете уште некоја работа што не е спомената, а би било убаво да се додаде и да се искористи?

Јас би додал видео. :) Што мислите?

сеп 14 11

Шопингот може да биде [по] забавен!

автор Јованче Тодоровски
Google Buzz

Кога ќе се спои убавото од двата света на задоволството му нема крај. Во овој пост ви преставувам идеја за бизнис која ќе ја пренесам чисто да ве потикнам да размислите што би ве поттикнало да користите интернет и мобилни апликации за шопинг. Кога ќе го погледнете постот во продолжение сигурно ќе си помислите дека ние сме далеку од сето тоа, меѓутоа ако може само за момент [некои 2-3 мин. додека го читате текстов] да се апстрахирате од тоа дека работите во Македонија одат многу потешко ќе биде супер. Благодарам!

ИДЕЈАТА

Компанијата се вика ShopKick. Човек кој 10 години работи во создавање апликации во мобилната сфера заедно со негов соработник доаѓаaт до идеја да направат мобилна апликација која ќе го подобри искуството при купување во реалните продавници. Тргнуваат од филозофијата на тоа дека на секоја продавница и се потребни луѓе т.е. клиенти кои ќе ја посетат. Со ShopKick апликацијата, инсталирана на вашиот телефон, ќе бидете наградени со поени кои можете да ги искористите за да добиете разни попусти, подароци и изненадувања. Секоја продавница си има различна приказна и различна “игра“ преку која ги забавува клиентите/посетителите така што целото шопинг искуство станува интересно и предизвикувачко. Значи со оваа апликација влегувате во програма која ве наградува само затоа што сте ја посетиле продавницата и сте дозволиле да ве информира што има ново, што е на попуст, што можете да добиете бесплатно и тн.
Јас нема повеќе да должам околу идејата затоа што сакам да оставам вие самите да погледнете видеово од 3 мин и да го погледнете концептот уште од прва рака пред да ви ја кажам дилемата.

ДИЛЕМАTA

Гледаме што се случува во светот секојдневно и да речеме дека во однос на минатото трендовите идат многу побрзо кај нас, но некако како да делуваме пасивно во интернет купувањето и трговијата преку интернет како целост. Дилемата и прашањето ми е:

Дали доколку се смисли ваква програма низ македонските продавници и трговски центри би купувале/плаќале преку интернет или апликација на мобилен телефон?

Значи дали би се вклучиле активно во онлајн купување ако се примени магичнава рецепта:

  1. Забава
  2. Попусти
  3. Гратиси
  4. Изненадувања
  5. Купување преку интернет
  6. Разни други активности

Доколку не, зошто не?

сеп 14 11

Amazon подготвува редизајн?!

автор Александар Атанасов
Google Buzz

Најголемиот онлајн трговец во светот, познатиот сајт Amazon.com тестира нов дизајн (layout) на страниците, со забележителни промени во однос на постоечкиот.

Познато е дека Amazon често користи A/B оптимизација преку тестирање на промени во одделни елементи на сајтот како копчињата, формата за пребарување, checkout процес, wishlist, профил на корисник итн.

Овојпат, случајно станав дел токму од еден таков примерок.

Евидентен е трендот кој го почитуваат популарни сајтови во промовирање на минималистички дизајни и на симплифицирање на корисничкото искуство, преку елиминирање на сите екстра елементи кои ја попречуваат главната функција.

Дизајнот за корисничко искуство (UX design) е креирањето и синхронизацијата на елементите кои се одразуваат на корисничкото искуство со една компанија/организација, со цел да се влијае позитивно на перцепцијата и однесувањето на корисниците.

Ќе ги сумирам кратко главните промени кај Amazon споредено со сегашната верзија на сајтот:
1. Динамично мени со категории на производи. Се отвора на акција со маусот врз секцијата “Shop by apartment”.

2. Пребарувачот. Дозволува веднаш да ги филтрирате резултатите преку избор на категоријата производи за која се пребарува.

3. Елиминирање на сината боја. Препознатливата боја за главното мени на сајтот во сегашната верзија, недостига во новата.

4. Кошничката и мој профил. Аmazon го следат примерот на Overstock, Officedepot од онлајн трговците, но и останатите популарни веб сервиси и сајтови. Секцијата мојот профил е веќе стандардно функционира на овој начин и слично нешто имаме на Google+, Linkedin, YouTube… Нешто на кое ние, корисниците, веќе добро навикнавме, а трендот најверојатно ќе го прифатат и во Amazon.

5. Промоција на услугите. Тест верзијата, покрај незаменливиот Kindle, вклучува линкови (во табови) до останатите услуги на Amazon. Имајќи предвид дека сите влегуваат во бизнисот на креирање содржина за привлекување внимание и доближување до корисниците, онлајн гигантот, свесно ги комуницира пораките за Amazon cloud, Instant video, mp3 store, Game&Software downloads во највпечатливиот блок на сајтот.

Кликни тука, за да ја видиш целата слика.

amazon Amazon подготвува редизајн?!

Вредноста на брендот Аmazon.com (кој патем го тргна .com во логото тест layout-от) според годишниот извештај спроведен неодамна на BrandZ, го надмина најголемиот трговец Wal-Mart.